• петок, 20 март 2026

Арагчи ги повика земјите од регионот да дејствуваат против Израел

Арагчи ги повика земјите од регионот да дејствуваат против Израел

Техеран, 28 февруари 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи денеска ги повика земјите од Блискиот Исток да ја преземат својата „историска одговорност“ во борбата против Израел, по новите воени напади на САД и Израел.

Во телефонски разговори со министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Бахреин и Ирак, Арагчи предупреди дека „наметнатата војна“ од САД и Израел претставува закана не само за Иран, туку за целиот регион. Тој нагласи дека одговорност на сите муслимански народи и држави е да се спротивстават на „злото кое потекнува од Израел“, пренесува ИРНА.

- Иран ќе ги користи сите свои одбранбени капацитети за да го заштити својот суверенитет и територијален интегритет – порача Аракчи и додаде дека „каква било помош за САД и Израел во извршувањето на агресијата против Иран мора да биде спречена“.

- Војната на Нетанјаху и Трамп против Иран е целосно неиспровоцирана, нелегална и нелегитимна. Трамп го претвори „Америка прва“ во „Израел прв“ – што секогаш значи „Америка последна“. Нашите моќни вооружени сили се подготвени за овој ден и ќе им ја одржат лекцијата што ја заслужуваат на агресорите-напиша Арагчи на Х.

Војската на САД и израелските воздушни напади погодија делови од централен Техеран и други градови ширум Иран.

Како одговор на нападите, иранските власти соопштија дека силите на Револуционерната гарда ја покренале операцијата „Одмазда“ и ги нападнале американските воени бази во Бахреин и Обединетите Арапски Емирати, како и цели внатре во израелските територии. Претседателот на САД, Доналд Трамп, истакна дека целта е заштита на американските интереси и националната безбедност. јт/

Остани поврзан