• недела, 22 декември 2024

Шефот на британската дипломатија оди во Украина со Блинкен

Шефот на британската дипломатија оди во Украина со Блинкен

Лондон, 10 септември 2024 (МИА) - Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами изјави дека заедно со американскиот државен секретар Ентони Блинкен следната недела ќе ја направат првата заедничка посета на Украина од почетокот на војната на земјата со Русија во 2022 година.

Лами по средбата со Блинкен во Лондон рече дека Иран и дава се поголема поддршка на Русија и дека Техеран треба да биде одговорен за „поткопување на светската стабилност“.

Тој изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, покрај Иран, се повеќе се потпира на помошта од Северна Кореја.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го оцени актуелниот момент како „пресвртница“ за Украина, нагласувајќи дека Русија ќе ги користи балистичките ракети што неодамна ги доби од Иран.

„Ова ја загрозува и европската безбедност. Русија, исто така, му ја дава на Иран потребната технологија, вклучително и нуклеарната“, рече Блинкен.

Тој додаде дека САД денеска ќе објават нови санкции против Техеран. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан