Support Kocani обезбеди медицински кремови за настраданите во пожарот во „Пулс“
- Граѓанската иницијатива Support Kocani спроведе нова активност насочена кон помош и поддршка на лицата погодени од пожарот во „Пулс“. Со средствата собрани од донации обезбедени се медицински кремови за третман и нега на повредените, во вкупна вредност од над еден милион денари.
Кочани,15 април 2026 (МИА) - Граѓанската иницијатива Support Kocani спроведе нова активност насочена кон помош и поддршка на лицата погодени од пожарот во „Пулс“. Со средствата собрани од донации обезбедени се медицински кремови за третман и нега на повредените, во вкупна вредност од над еден милион денари.
Станува збор за пакет кој вклучува кремови со висок заштитен фактор, препарати за регенерација, како и специјализирани сетови за нега на кожа со изгореници.
Овие производи се внимателно избрани со цел да помогнат во закрепнувањето и подобрување на состојбата кај повредените.

Од граѓанската иницијативата информираат дека набавката е направена во директна комуникација со засегнатите лица, при што се водело сметка за нивните реални потреби.
Дополнително, процесот е олеснет со поддршка од аптеки, кои излегле во пресрет со попусти.
Производите ќе бидат достапни за подигнување во младинскиот центар „Гнездо“, каде што ќе се врши нивна распределба до оние на кои им се најпотребни.

Од Support Kocani потенцираат дека остануваат активно вклучени во обезбедување помош и поддршка за погодените граѓани во мартовскиот пожар од 2025 истакнувајќи дека заедништвото и хуманоста се од исклучителна важност во вакви состојби. ис/вј/
Фото: Support Kocani