Mеморандум за соработка меѓу Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци
- Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) потпишаа Меморандум за соработка за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните пода

Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) потпишаа Меморандум за соработка за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија.
-Меморандумот ги изразува заложбите на МБА и АЗЛП за соработка во областа на заштитата на личните податоци со цел ефикасна и целосна имплементација на законските прописи и стандарди за заштита на личните податоци во рамки на банкарскиот систем во Република Северна Македонија и при вршење на финансиските активности, соопшти Македонската банкарска асоцијација. хс/са/