Jутјуберот Логан Пол ги моли следачите да му ги купат креветите од 90.000 долари
- Популарниот јутјубер Логан Пол им соопшти на своите обожаватели дека се кае „само за две нешта“ во животот... Неговите два Мерцедес-Бенц кревета кои го чинеле 90.000 долари, нешто што сега го

Лос Анџелес, 2 април 2020 (МИА) - Популарниот јутјубер Логан Пол им соопшти на своите обожаватели дека се кае „само за две нешта“ во животот... Неговите два Мерцедес-Бенц кревета кои ги купил за 90.000 долари, што сега го оценува како многу глупав потег.
Пол сега гарнитурата ја продава за 20.000 долари.
Притоа тој покажа и дел од Инстаграм-разговор, каде што тој практично го моли соговорникот да ги купи креветите...
„Зошто даде 90.000 долари за кревет, Логан?“, прашува соговорникот, на што Јутјуб-ѕвездата одговара: „Зашто сум идиот... И зашто знам што сакам од тебе.“ - „ЛОЛ („Се смеам на глас“), што сакаш, Логан?“ - „Да ги купиш креветиве“. си/сд/
