• сабота, 02 ноември 2024

Фајон: Ова е најтешкиот Бледски стратешки форум досега

Фајон: Ова е најтешкиот Бледски стратешки форум досега

Љубљана, 4 септември 2024 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, го затвори годинешниот Бледски стратешки форум, кој според неа е „најтежок во сложената геополитичка ситуација“.

„Тоа беше ново непроценливо искуство, секако убедливо најтешкиот форум во сложена геополитичка ситуација, но повеќе од 2.500 гости си заминаа дома со добри впечатоци од гостопримството на Словенија“, напиша Фајон на социјалната мрежа Х.

Министерот за надворешни работи на Словенија на отворањето на Форумот во понеделникот истакна дека одговорот на голем број кризи и конфликти во светот мора да биде политиката и дипломатијата.

„Овогодинешното име на форумот 'Светот на паралелните реалности' се чини дека е соодветно бидејќи ја отсликува состојбата на светот денес, покажува голем број неправди и нееднаквости, покажува неискреност и двојни стандарди во одлучувањето и покажува последици од неисполнетите ветувања“, рече Фајон.

Меѓу учесниците на Форумот беа специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит, амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил, шефовите на дипломатиите на Хрватска и Унгарија, Гордан Грлиќ Радман и Петер Сијарто и познатиот шахист Гари Каспаров, ко-основач на Форум Слободна Русија. паг/

Фото: МИА архива
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан