Aмериканскиот потпретседател Џеј Ди Венс пристигна во официјална посета на Азербејџан
- Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс пристигна во официјална посета на Азербејџан, објави азербејџанска новинска агенција.
Баку, 10 февруари 2026 (МИА) - Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс пристигна во официјална посета на Азербејџан, објави азербејџанска новинска агенција.
Тој беше пречекан на аеродромот во Баку од азербејџанскиот вицепремиер Самир Шарифов и други официјални претставници.
Потоа Венс беше примен од азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, со кого ќе разговара за голем број прашања. рп/ми/
Фото: ЕПА