• петок, 22 ноември 2024

„360 степени“: Во сомнителната продажба на земјиште на ЕВН во Делчево вмешан и член на обезбедувањето на Мицкоски

„360 степени“: Во сомнителната продажба на земјиште на ЕВН во Делчево вмешан и член на обезбедувањето на Мицкоски
Скопје, 16 ноември 2021 (МИА) - Една недела пред стартот на кампањата за локалните избори, „ЕВН Електрани“, фирма ќерка на „ЕВН Македонија“, купила најмалку седум парцели во околината на Делчево. Целта на ЕВН, како што објави „360 степени“ е на овие парцели да се постават фотоволтаични централи за производство на електрична енергија, но сомнително е препорадавањето на земјиштето. Парцелите, како што се посочува во текстот, биле продадени на „ЕВН Електрани“ по цена од околу 800 денари за квадратен метар, од страна на Дарко Т. И Влатко И., кои станале сопственици на земјиштето само три недели претходно за суми од 15 до 20 денари за квадратен метар. Како што тврди „360 степени“ и двајцата продавачи на земјиштето биле поврзани со ВМРО-ДПМНЕ - Дарко Т., бил член на Советот на Општина Делчево од оваа партија од 2013 до 2017 година, а Влатко И., бил член на обезбедувањето на партискиот лидер, Христијан Мицкоски. Купопродажните договори со „ЕВН Електрани“ овие лица ги склучиле на 21 септември, односно нецела недела пред стартот на кампањата, а како управители од „ЕВН Електрани“ на договорите се потпишани извесен Мирослав Митровски од Скопје и Игор Гиевски, кој е поранешен челн на Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и некогашен претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Во истрагата за ЕВН поради која минатата недела се правеа претреси по домови на лица во Скопје и Делчево, како што вчера објави „А1он“, главен осомничен е управителот на „ЕВН Македонија Електрани“, Игор Гиевски. Се работи за продажба за земјоделско земјиште во Делчево, а во истрага во оваа фаза се вклучени неколку државни институции. фф/сп/

Остани поврзан