• петок, 28 август 2026

Левучарите се подобри возачи, смета руски научник

Левучарите се подобри возачи, смета руски научник

Перм, 13 август 2026 (МИА) - Способноста на левучарите истовремено да ги користат обете хемисфери на мозокот за решавање проблеми им дава предност при возење автомобил и пилотирање борбен авион, смета Валери Литвинов, виш истражувач на Одделот за хемија и биотехнологија на рускиот Национален истражувачки политехнички универзитет во Перм.

Стручњакот истакна дека контролата на рацете не е директно организирана од мозокот, туку е вкрстено организирана. Кај десничари, на пр., левата хемисфера - одговорна за говорот, пишувањето, читањето и логичкото размислување, е доминантна.

Левучарите сочинуваат 10-15 насто од светското население, или приближно еден од седум или осум луѓе.  си/зш/

Фото: Создадено со ВИ.