• понеделник, 23 септември 2024

,,Баскет Кам" го совлада ,,Патриот 2016" во прволигашкото соседско дерби во женска кошарка

,,Баскет Кам
Делчево, 25 јануари 2020 (МИА) - На заостанатиот натпревар од првата женска кошаркарска лига, екипата на Баскет Кам од М.Каменица со убедливи 101:41 успеа да триумфира над екипата на „Патриот 2016" од Делчево и да ги задржи шансите за плеј-оф натпреварите во понатамошниот дел од првенството. Тренерот на делчевки Љупчо Петровски, денеска имаше проблеми со некомплетен состав, што според него е причина за убедливиот пораз. -Баскет Кам е подобра екипа и затоа е во првите неколку екипи на табелата. Поразот беше неминовен, но имавме повредени кошаркарки, меѓу кои и репрезентативката Ана Ангеловска, која за жал, не можеше да настапи на денешниот заостанат натпревар. Им честитам на каменичанки за победата и им посакувам успех во евентуалните плеј-оф натпревари, рече Петровски.
Со оваа победа каменичанки нанижаа 13 бодови со два натпревари помалку во однос на Бадел кој е лидер на првенствената табела со 19 бодови.
Што се однесува до екипата од Делчево, в недела, 26 јануари 2020, со почеток во 13 часот, на паркетот во спортската сала ,,М.М.Брицо" ја пречекуваат екипата на Студент, додека Баскет Кам очекува нова победа на гости во дуелот против Пробаскет Академија од Пробиштип. вс/

Остани поврзан