„Нисан“ повторно го активира производството во САД
- Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ планира повторно да го активира производството во своите американски фабрики, почнувајќи од 1 јуни.

Токио, 28 мај 2020 (МИА) - Јапонскиот производител на автомобили „Нисан“ планира повторно да го активира производството во своите американски фабрики, почнувајќи од 1 јуни.
„Нисан“ повторно ги отвора погоните за монтажа на возила во Кантон, Мисисипи, и постројките за погонски агрегат во Тенеси, а потоа на 8 јуни и погонот за монтажа на возила, Смирна.
Поголемиот дел од американската автомобилска индустрија почна повторно со работа по затворањето во март поради новиот коронавирус, но со ограничени капацитети. гт/