„Коха“: Сомнителен случај на коронавирусот во Приштина
- Косовскиот весник „Коха“ вечерва објави дека во Клиниката за инфективни болести во Приштина е примен пациент, кој најверојатно е заразен со коронавирусот
Приштина, 8 февруари 2020 (МИА) – Косовскиот весник „Коха“ вечерва објави дека во Клиниката за инфективни болести во Приштина е примен пациент, кој најверојатно е заразен со коронавирусот.
Весникот наведе дека по повод случајот наскоро ќе се огласат и надлежните од Клиничкиот центар. ми/