• сабота, 23 ноември 2024

Џуди Денч вели дека сѐ уште го чувствува духот на покојниот сопруг

Џуди Денч вели дека сѐ уште го чувствува духот на покојниот сопруг
Лондон, 2 септември 2020 (МИА)Познатата британска глумица Џуди Денч за „Мирор“ вели оти никогаш нема да ја надмине смртта на нејзиниот покоен сопруг Мајкл Вилијамс и дека тој, понекогаш, како сѐ уште да ја посетува дома. - Се случуваат неочекувани работи. Понекогаш вратата сама се отвора и мислам дека тој е внатре, тука, продолжи таа зборувајќи за својата тага. Џуди и Мајкл 1995 година се вселија во замок од 17 век со замок и имот од шест хектари во Сари. Таму сега има и дрво посветено нему. Тие беа  брак од 1971 година. Двојката глумеше заедно во хумористичната серија од 1980 година - „Една убава романса“ (A Fine Romance), како и во неколку сценски продукции, кога и двајцата работеа во британскиот „Кралски театар на Шекспир“. Двајцата се појавуваат и во филмот на Франко Зефирели од 1999 година - „Чај со Мусолини“. Зборувајќи за нејзиниот сопруг, Џуди смета дека Мајкл бил „најбескорисниот човек“ на светот. - Ох, Боже, како ме тераше да се смеам. Си поминавуваме прекрасно. Имам среќа што го познавав. Мајкл почина три недели пред нивната 30-годишнина од бракот во 2001 година, по долга борба со рак на белите дробови. Непосредно пред смртта на Мајкл, единственото дете на парот, ќерката Финти Вилијамс - исто така глумица, со нејзиниот 23-годишен син Сем, се вселиле во домот, со повеќе нивни миленичиња.  си/

Остани поврзан