• петок, 22 ноември 2024

Џошуа и Усик ќе боксуваат на стадионот на Тотенхем

Џошуа и Усик ќе боксуваат на стадионот на Тотенхем
Лондон, 20 јули 2021 (МИА) – Бокс мечот меѓу бранителот на титулата светски првак во тешка категорија, Британецот Ентони Џошуа и Украинецот Олександр Усик ќе се одржи на 25 септември на стадионот на англискиот прволигаш Тотенхем во Лондон, со капацитет од 60.000 гледачи. Џошуа е актуелен сопственик на шампионските појаси во верзиите WBA, WBO и IBF, откако во декември лани го победи Бугаринот Кубарт Пулев. Британскиот боксер претходно во јуни 2019 година го претрпе единствениот пораз во кариерата, кога беше совладан од Мексиканецот Енди Руиз, кому подоцна истата година му се реваншираше. Мечот против Џошуа за Украинецот Усик ќе биде прва борба во кариерата за титулата во тешка категорија. ег/ми/

Остани поврзан