• вторник, 24 декември 2024

Џон Болтон во новата книга го споредува Ердоган со Мусолини

Џон Болтон во новата книга го споредува Ердоган со Мусолини
Вашингтон, 19 јуни 2020 (МИА) - Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон во својата нова книга го спореди турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган со италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолони. - Телефонскиот разговор со Ердоган се покажа како вистинско искуство. Додека го слушав, тој звучеше како Мусолини како зборува од неговиот балкон во Рим, со таа разлика што Ердоган зборуваше со тој тон и гласност по телефон. Се чинеше како да ни предаваше лекции додека стоиме на бирото за донесување одлуки, пишува Болтон, откривајќи детали за разговорот меѓу него, Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп. Разговорот бил реализиран веднаш по наводниот хемиски напад во близина на Дамаск во Сирија во 2018 година во кој загинаа повеќе од 40 лица. После помалку од една недела, сојузниците на САД, Велика Британија и Франција почнаа воздушни напади врз сириските воени цели. Во својата книга, Болтон го нарекува Ердоган диктатор, коментирајќи ги напорите на Трамп да интервенира во случајот против Халкбанк во корист на Турција и да ја искористи својата функција за да запре секакви понатамошни правни дејствија против банката. - Конкретно, сакав да го информирам (јавниот обвинител Вилијам Бар) за желбата на Трамп да направи лични услуги на диктаторите што му се допаѓаа, како на пример, казнените дела на Халкбанк, ЗТЕ, потенцијално Хуавеј и којзнае што друго, пишува Болтон. Халкбанк е обвинета дека учествувала во голема шема за заобиколување на санкциите против Иран. Во обвинението се тврди дека турско-иранскиот бизнисмен Реза Зараб поткупувал високи функционери, вклучително и турски министер, за да помогнат во пренасочувањето на иранските нафтени приходи преку Халкбанк со помош на лажни зделки. јт/

Остани поврзан