• понеделник, 23 декември 2024

Џонсон: Само 127 возачи побарале британска  виза

Џонсон: Само 127 возачи побарале британска  виза
Лондон, 5 октомври 2021 (МИА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон денеска изјави дека 127 луѓе се пријавиле за добивање британска виза и оти би работеле како возачи на цистерни за гориво. Џонсон за Би-Би-Си изјави дека од транспортната индустрија било побарано да обезбеди податоци за лица кои се подготвени да дојдат во Велика Британија, и дека индустријата дала само 127 имиња. - Ова укажува на глобален дефицит, посочи Џoнсон. Претходно, весникот Тајмс објави дека се пријавиле само 27 возачи на цистерни. По предупредувањето од нафтените компании и супермаркетите дека недостигот на возачи влијае на испораките, британската Влада на крајот од минатиот месец објави дека привремено ќе ги укине своите имиграциски правила и ќе издаде 5.000 визи на возачите на ЕУ за работа во Велика Британија. Властите наведоа дека 300 од нив можат веднаш да пристигнат во Велика Британија. ми/  

Остани поврзан