• недела, 22 декември 2024

Џонсон: Работодавачите да одлучат дали вработените да работат од дома

Џонсон: Работодавачите да одлучат дали вработените да работат од дома
Лондон, 17 јули 2020 (МИА) - Британската Влада ќе престане да се залага за работа од дома и ќе им даде поголемо дискреционо право на работодавачите да одлучат дали е безбедно да се вратат вработените на своите работни места, рече денеска премиерот Борис Џонсон. - Од 1 август ќе ги ажурираме нашите препораки во врска со одењето на работа, рече Џонсон на прес-конференција. Тој додаде дека ќе им се даде на работодавачите повеќе дискреционо право и ќе побараат од нив да одлучат како да се грижат за своите вработени, наместо препораките на Владата луѓето да работат од дома. паг/

Остани поврзан