• петок, 22 ноември 2024

Џил Бајден се облече како стјуардеса за 1 април

Џил Бајден се облече како стјуардеса за 1 април
Вашингтон, 2 април 2021 (МИА) - Првата дама на САД, Џил Бајден, по повод вчерашниот Ден на шегата, се облече како стјуардеса и ги почести новинарите по еден сладолед, како дел од својата шега. Во своите мемоари објавени пред две години, г-ѓа Бајден пишува: „Секогаш велам - укради си радосен миг, секогаш кога можеш.“ Таа вели и дека сака да се шегува... Така, вчера покани група новинари на лет со неа од Калифорнија до главниот град Вашингтон. Среде летот, стјуардесата Џазмин со маска преку долната половина на лицето и црна перика, ги почести новинарите со сладолед и се повлече во својот простор. Кусо потоа, „стјуардесата“ се врати меѓу патниците, без маска на себе и сите сфатија дека таа е, всушност, г-ѓа Бајден. Како што велат, освен новинарите, и соработниците на првата дама биле исто толку изненадени од шегата. си/

Остани поврзан