• понеделник, 23 декември 2024

Џеф Безос е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари

Џеф Безос е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари
Њујорк, 27 август 2020 (МИА) - Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос е првиот човек во историјата со богатство од повеќе од 200 милијарди долари. Според индексот на милијардери на „Блумберг“, Безос сега има 202 милијарди американски долари, што го прави 78 милијарди долари побогат од Бил Гејтс, ко-основач на „Мајкрософт“ и втор на листата на најбогати луѓе во светот. Богатството на Џеф Безос во најголем дел се должи на уделот во акциите на компанијата, чија цена постојано растеше во изминатите години, особено во последните две години, пренесува „Блумберг“. Во 2018 година, тој стана најбогат човек во современата историја, а неговото богатство тогаш се проценуваше на 150 милијарди долари. Акциите на „Амазон“ достигнаа највисоко ниво на финансискиот пазар во април годинава, кога компанијата заработи стотици милијарди долари, а инвеститорите остварија профит од 86 проценти на инвестиции во компанијата на Безос. „Амазон“ вреди 1,7 илјади милијарди американски долари и стана втората највредна американска компанија по „Ејпл“. паг/

Остани поврзан