Џенова го победи Удинезе и избега од „опасната зона“ во Серија А
- Џенова вечерва го победи Удинезе со 2:1 на гостински терен во 14. коло од италијанското фудбалско првенство.
Удине, 8 декември 2025 (МИА) - Џенова вечерва го победи Удинезе со 2:1 на гостински терен во 14. коло од италијанското фудбалско првенство.
Головите за гостите ги постигнаа Руслан Малиновски, кој реализираше пенал во 34. минута и Брук Нортон-Кафи во 83. минута. Јакуб Петровски постигна гол за домаќините на средина од второто полувреме.
Џенова има 14 бода и се искачи на 15. место на табелата во Серија А оддалечувајќи се од зоната на испаѓање. Удинезе е на 11. место со 18 бода.
Колото ќе биде комплетирано вечерва со натпреварот Торино – Милан закажан за 20:45 часот. зс/
Фото: ЕПА