• петок, 22 ноември 2024

Џек Николсон боледува од тешка деменција

Џек Николсон боледува од тешка деменција
Лос Анџелес, 10 септември 2021 (МИА) - Познатиот холивудски глумец Џек Николсон (84) се повлече од јавноста во 2010 година, но публиката се надеваше дека ќе го види повторно на филм. Сепак, за жал, како што пишуваат светските медиуми, неговата здравствена состојба е многу лоша. Џек (84) последен пат беше виден во јавност пред околу една година. Гласините со години говорат, а по сѐ, изгледа дека и се потврдува, дека холивудскиот глумец боледува од потежок вид деменција. Имено, неименуван пријател за американскиот печат раскажува дека трикратниот оскаровец минува „тажни, последни денови“ во вила во Беверли Хилс. - Тој е физички добро, но не и психички. Џек и јас сме пријатели со години и тој никогаш не го напушта својот дом. Неговите син и ќерка се грижат за него. Навистина е тажно да се види глумец како Џек да го минува тој пат, рече пријателот за „Рејдар онлајн“. Тој во кариерата глумеше во вкупно 79 филмски и ТВ-проекти, а освои три „Оскари“ од вкупно 12 номинации за глума. Има пет деца, но времето го минува главно со својата ќерка Лорејн и синот Реј, кои живеат во негова близина. Последната улога му беше во љубовната комедија „Како да знаеш“ (How Do You Know), од 2010 година. си/гт/

Остани поврзан