• петок, 22 ноември 2024

Џафери за препораката на СЕ во врска со Хашките случаи: Тоа е завршена работа, законите се донесени

Џафери за препораката на СЕ во врска со Хашките случаи: Тоа е завршена работа, законите се донесени

Скопје, 19 февруари 2024 (МИА) - Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека „законите се донесени и приказната е затворена“, одговарајќи на новинарско прашање во однос на препораката на Советот на Европа за отповикување на Законот за амнестија од 2011 и процесирање на четири Хашки случаи.  

-Веќе дадов одговор за тоа дека е завршена работа во контекст на она што е законодавство и состојбата во државата. Завршена е таа приказна, законите се донесени, изјави кратко Џафери одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Студентскиот дом во Тетово, придружуван од министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Партијата Демократски сојуз до Уставниот суд во петокот поднесе иницијативата за отстранување на правните пречки со што ќе може да продолжи постапката по четирите Хашки случаи - „Водство на ОНА“, „Липковско Езеро“, „Гробницата Непроштено“, и „Мавровски работници“.

Со иницијатива на лидерот на ДС, Павле Трајанов, се бара поништување на Автентичното толкување на член 1 од Законот за амнестија, со кое се запре постапката за четирите Хашки случаи. 

Според Трајанов, ова толкување е спротивно на Уставот, Кривичниот законик и на  Женевските конвенции, со кои е дефинирано дека злосторствата против цивилите не застаруваат. хс/нд/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан