• сабота, 23 ноември 2024

Џастин Тимберлејк: Промените во музичкиот пазар се возбудливи

Џастин Тимберлејк: Промените во музичкиот пазар се возбудливи
Лос Анџелес, 16 април 2020 (МИА) - Радикалните промени во музичката индустрија, како што е Интернет-стримингот, се возбудлива можност да „се избруси личното искуство“, смета поп-sвездата Џастин Тимберлејк. Тимберлејк неодамна ја продуцираше филмската музика за цртаниот филм „Тролови: Светска турнеја“, каде што има и своја улога. Филмот првично требаше да се појави во кината месецов, но сега, како што пренесува ДПА - во услови на ограничувања поради коронавирусот, ќе може бесплатно да се гледа на интернет. - Долго сум дел од музичката индустрија и следев како се менува целиот тој пат од каде што започнав. Мислам дека тоа е возбудливо. Она што е одлично за музиката денес, е тоа што може да составите своја плејлиста и таа да трае дури 24 часа... Сметам дека тоа е одлично!, изјави пејачот за агенцијата ДПА. Како што вели, особено е воодушевен од можноста притоа да се открие нешто што луѓето дотогаш не го знаеле... - Нова музика, и тоа - на многу полесен начин. Тоа е она што е возбудливо, додава тој.  си/сд/

Остани поврзан