Џастин Бибер објави пауза во музичката кариера
- Музичарот, имено, на Инстаграм напиша дека шесте настапи во живо што ги направи откако му е дијагностициран синдромот Рамзи Хант на почетокот од оваа година „си го зеле данокот“.

Лос Анџелес, 7 септември 2022 (МИА) - Пејачот Џастин Бибер објави дека привремено ја прекинува својата веќе одложена турнеја „Justice World Tour“, поради здравствени проблеми. Музичарот, имено, на Инстаграм напиша дека шесте настапи во живо што ги направи откако му е дијагностициран синдромот Рамзи Хант на почетокот од оваа година „си го зеле данокот“.
„Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал 'Рок ин Рио' (Rock In Rio) и дадов сѐ од себе пред луѓето во Бразил“, вели Бибер и додаде дека „е погоден од исцрпеноста“.