• недела, 22 декември 2024

„Њујорк Тајмс“ поднесе тужба против Мајкрософт И ОпенАИ за наводна повреда на авторски права  

„Њујорк Тајмс“ поднесе тужба против Мајкрософт  И ОпенАИ за наводна повреда на авторски права  

Вашингтон, 27 декември 2023 (МИА) - Издаваштвото на весникот „ЊујоркТајмс“ денеска поднесе тужба против Мајкрософт и ОпенАИ за наводна повреда на авторските права на една од најстарите и најголеми медиумски компании во светот.  

Претстојниот судски процес, во кој весникот побара да одлучува порота во јужниот округ на Њујорк, отвара далекусежни последици за иднината на издаваштвото на вести во ерата на новите технологии со генеративната вештачка интелигенција.  

Во тужбата се наведува дека технолошките компании ги злоупотребуваат содржините на „Њујорк Тајмс“ без дозвола за да креираат нивни производи на вештачка интелигенција како ЧатГПТ (ChatGРT), чатботот на ОпенАИ, и Копилот на Мајкрософт.  

Судскиот процес отвара нов фронт во децениската битка меѓу технолошките и медиумските компании за економијата на интернет. Компаниите како Гугл, Мајкрософт или Мета создваат алгоритми со што го привлекуваат сообраќајот на интернет во своја полза а со тоа и огласувачите, на штета на традиционалните печатени и електронски медиуми. Со овој процес еден против друг се најголемата организација за вести во светот и пионерите на новиот бран технолгии од вештачката интелигенција. 

Процесот доаѓа по досегашните повеќемесечни преговори меѓу овие организации кои не вродиле со договор. „Њујорк Тајмс“ бара оштета и побара од судот технолошките компании да запрат со употреба на неговите содржини и да ги уништат податоцоте што вклучуваат труд на весникот. 

„Новинарството во „Њујорк Тајмс“ е работа на илјадници новинари чие работење чини стотици милиони долари годишно. Обвинетите во основа избегнале да трошат милијарди долари што весникот ги инвестираше за создавање на тој труд што го земаат без дозвола или компензација“, се наведува во тужбата на медиумската организација. 

 Мајкрософт и ОпенАИ не одговорија на барањата за коментар од весникот „Волстрит Џурнал“. 

Покрај Ej Џи Салцбергер, издавачаот на „ Њујорк Тамјс“ и останати раководители на медиумските компании како Њуз Корп.  издавачот на „Волстрит Џурнал“ исто сметаат дека во случајот со најновите технолоии на вештачка интелиганција се прекршуваат правата на издавачите на вести.  

Некои, пак, како Асошиетед Прес и Аксел Спрингер, издавачот на „Бизнис Инсајдер“ и Политико постигнале комерцијални договори за лиценцирање на новните содржини на ОпенАИ. кб/сд/ 

фото:МИА архива

 

Остани поврзан