Њукасл ја отфрли првата понуда на Ливерпул за Исак
- Управата на премиерлигашот Њукасл ја отфрли првата понуда на Ливерпул за напаѓачот Александар Исак, објави „Sky Sports“.
Њукасл, 2 август 2025 (МИА) – Управата на премиерлигашот Њукасл ја отфрли првата понуда на Ливерпул за напаѓачот Александар Исак, објави „Sky Sports“.
Според британскиот медиум, Ливерпул понудил 110 милиони фунти за играчот плус бонуси, со што договорот можел да порасне на 120 милиони фунти.
Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, потврди дека клубот ја одбил понудата на Ливерпул.
Самиот Исак не отпатува со клубот на претсезонската турнеја и тренира индивидуално во базата на Реал Сосиедад во Шпанија.
- Во моментов, додека сме на турнеја, малку сум отсутен од работите што се случуваат во клубот. Вчера бев информиран дека има понуда што клубот ја одбил. Нашите луѓе во Англија сега ја средуваат ситуацијата. Ние го поддржуваме Алекс и сме многу заинтересирани повторно да го видиме во дресот на Њукасл. Можеби има разни разговори и хипотетички ситуации, но ние се справуваме со реалноста, а реалноста е дека Ливерпул ја даде првата понуда, која беше одбиена. Да видиме што ќе се случи следно, истакна Хау.
Исак игра за Њукасл од август 2022 година. Во сезоната 2024/25, напаѓачот постигна 27 гола и имаше шест асистенции на 42 натпревари за тимот во сите натпреварувања
На 30 јули беше објавено дека 25-годишниот Швеѓанец постигнал усмен договор за преселба во Ливерпул. . зс/
Фото: ЕПА