• петок, 05 декември 2025

Њукасл чека одговор од Шешко

Њукасл чека одговор од Шешко

Њукасл, 2 август 2025 (МИА) - Њукасл му испрати на Лајпциг понуда за напаѓачот Бенџамин Шешко, објави новинарот Крег Хоуп на социјалната мрежа X. 

Сега англискиот клуб чека одлука од 22-годишниот Словенец.

Интерес за словенечкиот репрезентативец пројавува и Манчестер јунајтед.

Шешко игра за Лајпциг од 2023 година. Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува пазарната вредност на напаѓачот на 70 милиони евра.

Во сезоната 2024/25, Шешко играше на 45 натпревари, постигна 21 гол и имаше шест асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан