Њукасл е подготвен да плати 75 милиони евра за Шешко
- Фудбалерот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, може да се пресели во Њукасл, објави „Скај Спортс“.
Лондон, 3 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Лајпциг, Бенџамин Шешко, може да се пресели во Њукасл, објави „Скај Спортс“.
Англискиот клуб дал понуда од 75 милиони евра за 23-годишниот Словенец. Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за напаѓачот.
Шешко игра за Лајпциг од 2023 година. Во сезоната 2024/25, напаѓачот одигра 45 натпревари, постигна 21 гол и шест асистенции.
Порталот „Transfermarkt“ ја проценува пазарната вредност на напаѓачот на 70 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА