• понеделник, 23 декември 2024

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело

Љуљзим Вранези добитник на наградата „8. Септември“ за животно дело
Скопје, 4 септември 2020 (МИА) – Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ донесе одлука годинава наградата за животно дело да му ја додели на поранешниот македонски репрезентативец во борење, Љуљзим Вранези. Награда со којашто се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот се доделува на: Сократ Ефтимовски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорѓи Вучков. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија на 8 септември во 11 часот. зс/

Остани поврзан