• петок, 22 ноември 2024

Јужна Кореја лансираше нови ракети

Јужна Кореја лансираше нови ракети
Сеул, 23 февруари 2022 (МИА) - Јужнокорејската армија денеска изврши успешно тестирање на ракетите земја-воздух со долг дострел Л-САМ.
Според агенцијата Јонхап, ова е очигледен потег на Сеул за да се спротивстави на растечките ракетни закани на Северна Кореја, која лансираше серија проектили минатиот месец. Тестирањето во Таеан, на околу 150 километри југозападно од Сеул, беше надгледувано од Јужнокорејската агенција за развој на одбраната.
Според агенцијата, Л-САМ е најсовремениот домашен систем за оружје што во моментов се развива за да може земјата да се брани од проектили и други закани. Јужнокорејското Министерство за одбрана одби да ги потврди овие наводи. паг/  

Остани поврзан