• недела, 22 декември 2024

Југоистокот ќе аплицира за регионални проекти од транспортот, инфраструктурата, економијата и туризмот

Југоистокот ќе аплицира за регионални проекти од транспортот, инфраструктурата, економијата и туризмот

Струмица, 30 октомври 2023 (МИА) - Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира за регионални проекти од транспортот, инфраструктурата, економијата и туризмот. Ова е одлучено на првата форумска сесија за избор на проектни области и проекти со кои ќе се конкурира по Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година на Бирото за регионален развој.

Како што стои во информацијата од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, на форумската сесија биле присутни учесници од различни категории од десетте општини на Југоисточниот плански регион, кои активно учествувале во утврдувањето на приоритетните области во кои треба да се интервенира, во идентификувањето на проблемите и предлагање на решенија со кои ќе се овозможи подобрување на условите за живот на населението во Југоисточниот регион.

-Врз основа на идентификуваните проблеми, преку нивна анализа и разработка, во наредниот период ќе се развијат концептни решенија кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Југоисточниот плански регион, како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец ноември 2023 година, информираат од Центарот.

Регионалните форуми во заедницата во Југоисточниот плански регион се финансиски поддржани од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка преку проектот „Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – втора фаза“. рт/мд/

Фото: ЦРЈИПР

Остани поврзан