• четврток, 04 декември 2025

Јувентус заинтересиран за Рашфорд

Јувентус заинтересиран за Рашфорд


Торино, 17 јули 2025 (МИА) – Раководството на Јувентус е блиску до договор со Манчестер Јунајтед за да го доведе во своите редови Џејдон Санчо и неформално се распрашува за евентуален трансфер на Маркус Рашфорд во клубот од Торино, објавија денеска италијанските медиуми.
Санчо побарал да го напушти „Олд Трафорд“, а според медиумите, му било кажано да не доаѓа во тренинг центарот, бидејќи не е во добри односи со тренерот Рубен Аморим. Санчо минатата сезона играше за Челзи како позајмен играч и настапи на 31 натпревар.
Италијанските медиуми објавија дека Санчо би се согласил на пониска плата за да се пресели во Јувентус.
Второто потенцијално засилување од Јунјатед, Рашфорд, играше за Астон Вила минатата полусезона, откако тренерот на Јунајтед го исфрли од тимот. За тимот од Бирмингем одигра 10 натпревари во Премиер лигата и постигна два гола, а раководството на Астон Вила не сакаше да го откупи неговиот договор со Јунајтед. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан