• петок, 22 ноември 2024

ЈП „Паркови и зеленило“: Остро го осудуваме вандализмот во паркот „Македонија“

ЈП „Паркови и зеленило“: Остро го осудуваме вандализмот во паркот „Македонија“
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Екипите на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ - Скопје утрово затекнаа оштетени, искршени и откорнати клупи расфрлени во зеленилото во паркот „Македонија“. Оттаму реагираат дека за жал, вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот. - Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители, наведуваат од претпријатието. мс/са/

Остани поврзан