ЈП Комунална хигиена отстрани голема дива депонија на улицата Цетинска во Општината Бутел
- Во текот на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти обемна дива депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина Бутел, информираат од јавното претпријатие.
Скопје, 16 декември 2024 (МИА) - Во текот на изминатиот викенд, ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти обемна дива депонија лоцирана на улицата Цетинска во скопската општина Бутел, информираат од јавното претпријатие.
Екипите на претпријатието подигнаа и транспортирале приближно 60 кубни метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина. Во рамките на активностите биле употребени и специјалните возила - багер, патарки и рол-кипер.
Улицата Цетинска во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП Комунална хигиена-Скопје континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што значително се загадува животната околина во оваа скопска општина. сст/дма/
фото ЈП Комунална хигиена-Скопје