ЈП Комунална хигиена-Скопје постави садови за одлагање на органскиот отпад во пресрет на Курбан Бајрам
- Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот), информираат од јавното претпријатие.
Скопје, 5 јуни 2025 (МИА) - Во скопските општини каде што масовно се празнува верскиот празник Курбан Бајрам, ЈП Комунална хигиена-Скопје и годинава постави специјални контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат органскиот отпад (остатоците од курбанот), информираат од јавното претпријатие.
ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до верниците органскиот отпад да го одлагаат исклучиво во поставените садови, затоа што, како што нагласуваат, неговото исфрлање на јавни површини може сериозно да го загрози јавното здравје и да ја загади животната околина.
Екипите на претпријатието спровеле и активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти на територијата на градот Скопје. сст/
Фото ЈП Комунална хигиена-Скопје