• понеделник, 25 ноември 2024

Јеменските Хути изразија жалење поради смртта на лидерот на Хезболах

Јеменските Хути изразија жалење поради смртта на лидерот на Хезболах

Сана, 28 септември 2024 (МИА) - Јеменското движење Хути денеска изрази жалење за смртта на водачот на либанската група Хезболах, Саид Хасан Насралах и рече дека ќе продолжи да ја поддржува групата.

„Отпорот нема да биде скршен, а џихадистичкиот дух на браќата муџахедини во Либан и на сите фронтови на поддршка ќе биде посилен и поголем“, соопшти движењето.

Хезболах, сојузник на Хутите во сојузот, кој, со поддршка на Иран, се спротивставува на Израел, претходно потврди дека лидерот на групата и еден од нејзините основачи, Саид Хасан Насралах, е убиен во израелски воздушен напад. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан