• петок, 05 декември 2025

Јашари ќе бара од Бриж да го пушти во Милан

Јашари ќе бара од Бриж да го пушти во Милан

Милано, 3 август 2025 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Бриж, Ардон Јашари, ќе бара од својот клуб да го пушти во Милан.

Според „Скај Спорт Италија“ 23-годишниот Швајцарец ги отфрлил понудите од Челзи, Баер и Неом од Саудиска Арабија. Играчот јасно стави до знаење дека сака да се приклучи на Милан, тимот за кој навива уште од детството.

Милан е подготвен да плати 33,5 милиони евра за фудбалерот.

Агентите на Јашари тврдат дека Бриж ветил дека ќе го продаде играчот од средниот ред доколку некој понуди 32,5 милиони евра за него.

Во сезоната 2024/25, Јашари постигна четири гола и имаше шест асистенции во 52 натпревари за Бриж во сите натпреварувања. Неговиот договор важи до 30 јуни 2029 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува трансферната вредност на играчот на 32 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан