• петок, 22 ноември 2024

Јаревски: СДСМ и ДУИ Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла

Јаревски: СДСМ и ДУИ Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла

Скопје, 18 декември 2023

СДС и ДУИ со намера Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600 милионски бизнис кај Алумина.

ДУП-от кој СДС и ДУИ го туркаат преку Стевчо Јакимовски не води сметка за граѓаните, туку за нивниот личен и  интересот на Пуцко Петрол. За СДС и ДУИ нема доволно висока цена која граѓаните ќе ја платат, а која би ги спречила во обидот за бетонизација, единствена цена која ги интересира е цената на метар квадратен.

Колку повисоко и полуксузно, толку подобро за СДС и ДУИ, за нив нема никакво значење што Карпош се блокира инфраструктурно и се отежнува сообраќајот во Скопје, важен е само профитот.

За 600 милиони евра бизнис, Стевчо Јакимовски им е впрегнат па држи пресконференции и во недела на кои нема ниту еден аргумент за ДУП-от, туку само кажа колку е неуспешен.

Дека ДУП-от кај Алумина е единствено за бенефит на СДС, ДУИ и Пуцко Петрол како инвеститор знае и Стевчо Јакимовски, но очигледно мотивацијата да го протурка му е многу голема, па решил да се вплеткува во небулози.

Политичкиот пазар на СДС и ДУИ сите го знаат, прашање е која е добивката за Стевчо Јакимовски за истиот наместо градоначалник да глуми портпарол на инвеститорот?

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

фото ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан