• петок, 22 ноември 2024

Јаревски: Да се формира анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор

Јаревски: Да се формира анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор
Скопје, 31 август 2022(МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесат иницијатива до Собранието за формирање на анкетна комисија за разгледување на состојбите во енергетскиот сектор. -Формирањето на анкетната комисија го бараме со цел да се види што е преземено односно што не е преземено во изминатиот период за спречување на енергетската криза којашто зема се поголем замав. Сите сме сведоци како државите од цела Европа се подготвуваат за претстојната зима, којашто според најавите ќе биде со катастрофални ефекти врз секојдневието на граѓаните и условите за работа на компаниите. Цехот за овој несериозен однос на нашите власти повторно ќе го платат граѓаните на Македонија бидејќи нема нови антикризни мерки кои би ја ублажиле кризата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека повторно прогласување на нова енергетска кризна состојба како и досегашните ќе бидат или со мал или без никаков ефект за подобрување на животниот стандард на граѓаните. -Владата и оваа кризна состојба ќе ја искористи за делење на тендери во четири очи на новоформираните фирми за ископ и транспорт на јаглен блиски до власта. Наша обврска како пратеници е да вршиме надзор врз работата односно неработењето на Владата, да провериме каде и како до сега се потрошени парите за ублажување на енергетската кризна состојба и како и каде се планираат да се потрошат парите за евентуално нова енергетска кризна состојба која ја најави власта, изјави Јаревски. Тој потенцира дека анкетната комисија, која бараат да се формира во Собранието, ќе има за цел да донесе заклучоци за досегашното функционирање на власта во овој сектор и да предложи заклучоци кои ќе треба да бидат патоказ за мерките и активностите кои Владата ќе ги презема во иднина.ир/лв/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан