Јапонија со шест златни медали најуспешна по третиот ден на Олимпијадата во Париз
- Натпреварувачите од Јапонија освоија шест злата по третиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз и се лидери во поредокот на медалисти.

Париз, 30 јули 2024 (МИА) – Натпреварувачите од Јапонија освоија шест злата по третиот натпреварувачки ден на Игрите во Париз и се лидери во поредокот на медалисти.
По пет златни медали имаат Франција, Кина, Австралија и Кореја.
САД имаат три, додека по две злата досега освоија Велика Британија, Италија, Канада, Хонгконг и Германија.
Со по едно злато се закитија олимпијците од Казахстан, ЈАР, Белгија, Азербејџан, Романија и Узбекистан.
Вкупно 36 држави имаат освоено барем по еден медал, Американците најмногу – 20.
Во текот на денешниот ден ќе бидат поделени 11 комплети медали во осум спортови.
Олимписките игри ќе траат до 11 август. зс/
Фото: ЕПА