• сабота, 21 декември 2024

Јапонија во септември добива нов премиер, Кишида нема да се кандидира на партиските избори

Јапонија во септември добива нов премиер, Кишида нема да се кандидира на партиските избори

Токио, 14 август 2024 (МИА) - Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска објави дека нема да се кандидира за претседател на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) во септември, со што најави дека неговата земја ќе добие нов премиер.

Победникот на тие партиски избори ќе стане нов премиер бидејќи ЛДП ги контролира двата дома на јапонскиот парламент.

Кишида беше избран за претседател на ЛДП во 2021 година, а неговиот тригодишен мандат истекува во септември.

Се очекува идната недела лидерите на ЛДП да донесат одлука за датумот на партиските избори.

По серијата корупциски скандали во неговата влада, рејтингот на Кишиди значително се намали и, според последните анкети, сега е под 20 отсто.

Кишида рече дека размислувал за оставка подолго време, но чекал да направи неколку важни политички потези, како што се енергетската политика, драстично зајакнување на војската за да одговори на безбедносните закани во регионот и подобрување на врските со Јужна Кореја, како и политички реформи.

Како потенцијални нови претседатели на ЛДП веќе се споменуваат три личности од врвот на партијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан