• сабота, 06 јули 2024

Јаоски: Ќе бидам градоначалник на сите, ќе ги продолжам проектите во Пласница

Јаоски: Ќе бидам градоначалник на сите, ќе ги продолжам проектите во Пласница
Скопје, 13 декември 2020 (МИА) - Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општина Пласница објави победа на денешните избори. Според податоците на Државната изборна комисија, на изборите во Општина Пласница гласале 4 954 избирачи. Јаоски добил 1 696 гласови, а неговиот противкандидат Рамазан Шерифовски 231. Јаоски најави дека ќе биде градоначалник на сите и оти функцијата ќе ја извршува чесно. Во претстојните десет месеци ќе ја продолжам реализацијата на проектите во општината во која е направено многу, а јас тоа ќе го продолжам, изјави Јаоски. Меѓу приоритеите, како што рече, ќе му  бидат инфраструктурата и вработувањето на граѓаните. Претходно честитки за победата на Јаоски преку Фејсбук упати лидерот на ДУИ Али Ахмети.лв/

Остани поврзан