• понеделник, 23 декември 2024

Јанша: Словенија нема да биде дел од Вишеградската група

Јанша: Словенија нема да биде дел од Вишеградската група
Виена, 14 септември 2020 (МИА) - Словенечкиот премиер Јанез Јанша во интервју за австриската новинска агенција АПА, изјави дека Словенија не планира да влегува во цврсти сојузи, како што е Вишеградската група и укажа на значењето на соработката помеѓу соседите. - Нема потреба да кажеме дека секогаш ќе поддржуваме некоја земја или група земји во ЕУ. Секогаш имаме предвид што е добро за нашите граѓани, кои не избраа, посочи Јанша. Тој исто рака го истакна значењето на односите помеѓу соседите, кои, како што потенцира, биле клучни за време на пандемијата со Ковид-19. - Во исклучителни времиња точно знаеме на кого можеме да се потприме, наведе Јанша. Тој по повод рестриктивните мерки и затворањето на границите поради епидемиајта со новиот коронавирус  истакна оти тоа потсетува на некои мрачно време на Европа, додавајќи оти од клучно значење е билатералната соработка со соседните држави. ми/

Остани поврзан