• вторник, 24 февруари 2026

Јаневска и Азески на презентација на резултатите од дуалното образование

Јаневска и Азески на презентација на резултатите од дуалното образование

Скопје, 24 февруари 2026 (МИА) - Стопанската комора денеска организира настан „Револуција во образованието: моќта на дуалното образование во Македонија“ - прв заокружен проект од трите големи приоритети на Комората за презентирање на резултатите и активностите што ги презеде бизнис-заедницата во процесот на имплементацијата на дуалното образование и инспирација за идните чекори во подигање на квалитетот.

Воведни обраќања на настанот ќе имаат министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и претседателот на Комората, Бранко Азески.

- Стопанската комора е активно вклучена во процесите на образованието за создавање кадар по мерка на бизнисот и главен иницијатор за имплементација на дуалното образование како најефикасен модел за обезбедување стручен и квалификуван кадар, во кој денеска се вклучени речиси 1.000 компании и 65 стручни училишта - информираат од Стопанската комора.

Претставниците на компаниите во преостанатиот дел од времето ќе имаат можност активно да учествуваат со поставување прашања и споделување искуства од досегашните процеси на вклучување во моделот на дуално образоавние. фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан