• сабота, 22 март 2025

Јандроковиќ: Сочувство од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани

Јандроковиќ: Сочувство од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани

Скопје, 21 март 2025 (МИА) -  Претседателот на Саборот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ во телефонски разговор со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши изразил сочувство до семејствата и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Како што информираат од Кабинетот на Гаши, Јандроковиќ го пренел сочувството од Саборот и народот на Хрватска за трагедијата во Кочани, изразувајќи подготвеност за помош.

Гаши изразил благодарност за поддршката, вклучително и за помошта при хоспитализацијата на повредените од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“  .

Претседателот на Собранието Гаши деновиве добил писма со сочувство од земјите од регионот и од Европа, вклучително и од претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, како и од бројни меѓународни организации. дма/лв/

Фото:МИА архива

Остани поврзан