• понеделник, 23 декември 2024

Јавна трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања реализирана во Неготино

Јавна трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања реализирана во Неготино
Неготино, 20 април 2022 (МИА) - Македонското археолошко друштво денеска во просториите на Музеј на град Неготино одржа јавна трибина за потребите од промена на Правилникот за археолошки истражувања. - Јавната расправа е организирана со цел да се апелира за што е можно побрза промена на Правилникот за археолошки истражувања, донесен во 2005 година (Сл. Весник 111/05), а кој од методолошка страна, е веќе одамна застарен и неупотреблив. Иако од донесувањето на Законот за заштита на културното наследство во 2004 година се направени повеќе од петнаесет дополнувања и измени, до сега не е направено ниту едно усогласување на Правилникот, којшто произлегува од овој закон, појаснија од Македонското археолошко друштво. На оваа јавна трибина каде беа поканети претставници од Министерството за култура и од Управата за заштита на културното наследство, археолозите имаат можност да ги изнесат проблемите со коишто се соочуваат при реализација на археолошките ископувања, а произлегуваат од овој правилник. свд/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан