• четврток, 19 декември 2024

Јавен повик за доделување пари на спортски клубови, граѓански организации и фондации во Струга

Јавен повик за доделување пари на спортски клубови, граѓански организации и фондации во Струга
Струга, 7 февруари 2022 (МИА) – Општина Струга денеска распиша јавен повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, граѓански организации од областа на културата и граѓански организации и фондации. Целта на конкурсот, според Општина Струга, е зацврстување и унапредување на соработката на Општината со граѓанските организации, спортските клубови и организациите од областа на културата преку воспоставување партнерски релации и да се поттикне решавање на локални проблеми преку поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации. Право на учество на овој конкурс имаат спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации регистрирани на територија на Општина Струга, според Законот на здруженија на граѓани и фондации. Целосниот јавен повик со потребните обрасци се достапни на веб страницата на Општина Струга www.struga.gov.mk . сс/вј/

Остани поврзан