Ѕиѕикостас: Се обврзувам да ги вложам сите сили на позицијата европски комесар за одржлив транспорт и туризам
- Се обврзувам да ги вложам сите мои сили во новата важна задача што ја преземам како европски комесар за одржлив транспорт и туризам, напиша на платформата Икс новиот грчки еврокомесар Апостолос Ѕиѕикостас, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 27 ноември 2024 (МИА) – Се обврзувам да ги вложам сите мои сили во новата важна задача што ја преземам како европски комесар за одржлив транспорт и туризам, напиша на платформата Икс новиот грчки еврокомесар Апостолос Ѕиѕикостас, јави дописничката на МИА од Атина.
Ѕиѕикостас, коментирајќи го денешното гласање доверба на Европскиот парламент за новата Комисија, истакна дека тоа е „голема чест и одговорност“.
На почетокот на месецов со 39 гласа, девет повеќе од потребното двотретинско мнозинство, Европската комисија ја одбори кандидатурата на Ѕиѕикостас за комесар за одржлив транспорт и туризам.
Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Ѕиѕикостас беше кандидат на Грција за комесар во новата ЕК.
Новиот грчки комесар пред да замине за Брисел беше префект на периферијата Централна Македонија во северниот дел на Грција. ср/паг/