• петок, 22 ноември 2024

Ѕиѕикостас: Мојата номинација за грчки еврокомесар е „глас на доверба“ за централна Македонија, Македонија и северна Грција

Ѕиѕикостас: Мојата номинација за грчки еврокомесар е „глас на доверба“ за централна Македонија, Македонија и северна Грција

Атина, 26 август 2024 (МИА) – Како „глас на доверба“ за централна Македонија, Македонија и северна Грција, префектот на грчката област централна Македонија, Апостолос Ѕиѕикостас, го карактеризирал изборот на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис токму тој да биде кандидат за еврокомесар од Грција, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на денешниот регионален совет на периферијата, Ѕиѕикостас се задржал на одлуката на Мицотакис да го номинира за грчки комесар во Европската Комисија.

- Мојот избор од страна на грчката Влада и од премиерот за позицијата и улогата на грчкиот комесар во Европска Унија несомнено е признание за важноста на северна Грција, на нејзината стратешка важност и нејзината тежина, за перспективите што ги има“, истакнал Ѕиѕикостас, објави АНА-МПА. 

Тој додаде дека „ќе биде од голем интерес да видиме кој ресор ќе го има грчкиот комесар“, но и на членовите на регионалниот совет им потенцирал дека кое и да е портфолиото, тој секогаш ќе им биде на располагање, а посочил дека негова лична заложба е дека во следните години ќе продолжи и ќе заврши работата што ја започна актуелната администрација во периферијата централна Македонија.

На почетокот на месецов портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис соопшти дека Грција, за комесар во новата Европска Комисија ќе го предложи Апостолос Ѕиѕикостас, за што премиерот Кирјакос Мицотакис ја информирал претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, а истиот ден Мицотакис оствари и средба со Ѕиѕикостас. ср/ми/

Остани поврзан