• недела, 22 декември 2024

Ѓурѓај учествува на конгресот на ФУЕН, што се одржува во Германија

Ѓурѓај учествува на конгресот на ФУЕН, што се одржува во Германија

Дебар, 20 септември 2024 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Илинден“ - Тирана Никола Ѓурѓај учествува на конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) што се одржува во Хусум, Германија.

Друштвото со свои претставници веќе девет години, од кога е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на сите конгреси и други активности. 

- Учествуваме и на овој конгрес чиј домаќин е организацијата на Севернофризите, а ќе трае до недела. Инаку, ФУЕН годинава одбележува 75 години постоење и понатаму останува главен застапник за правата на малцинствата во Европа, рече Ѓурѓај за МИА.

Додаде дека овој јубилеј нема да биде само настан на пресек на она што ФУЕН го постигнал за 75 години, туку и за она што треба да се постигне за да се „гарантира заштитата и промоцијата на малцинските јазици и култури во Европа“.

Потсетува дека Македонско друштво „Илинден“ од Тирана е член на ФУЕН од 16 мај 2015 година и дел од работната група на словенските малцинства при унијата. вт/мд/

Фото: МД „Илинден“

Остани поврзан